-Работиме на сето тоа и тоа е вистинска потреба на армијата, потребни ни се повеќе војници. Нашиот Генералштаб даде свое мислење зошто мислат дека ни треба редовно служење воен рок рече Стефановиќ.

Тој додее дека намерата била да се почне сериозна дискусија за да не се донесе паушална одлука за задолжително служење воен рок. Според него, Министерството подготвува нормативни, законски решенија и подзаконски акти додека во исто време, се разговара со ГШ доколку се одлучи во таа насока, дали има доволно касарни, дали капацитетите се подготвени да сместат војници и дали има доволно луѓе за нивна обука.