Се проценува дека денес во светот има 7,8 милијарди луѓе.

Точно 2.109.696.022 дози вакцини се дадени во 215 земји и територии. Речиси 60 проценти од сите вакцини во светот биле дадени во само три земји: Кина, САД и Индија.

Во Европската унија се дадени 254 милиони дози вакцини, односно 39 проценти од населението е вакцинирано.

Вакцинацијата не е ни започната во шест земји. Тоа се Танзанија, Чад, Бурунди, Еритреја, Северна Кореја и Хаити.