На 02.04.2022 во 10.10 часот во СВР Велес, Ѓ.П.(81) од Велес пријавил дека во неговиот дом во Велес од едно лице бил физички нападнат, при што му биле одземени пари, мобилен телефон и документи. Во врска со настанот од полициски службеници бил лишен од слобода Л.М.(20) од Скопје со привремен престој во Велес.
Тој бил задржан за понатамошна постапка. Известен е и Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.