Во моментот пред насобраните граѓани пред Народното собрание во Белград се обраќа претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Централната манифестација се одржува вечерва од 19 часот, а бината е поставена на платото пред српскиот парламент каде се собрани десетици илјади граѓани и приврзаници на Вучиќ.

Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи на својот Инстаграм профил пред почетокот на централната манифестација на парламентот „Србија нема да ја дадеме“.

(ФОТО) „Благодарам Србија“: Се огласи Вучиќ пред неговото обраќање

Вучиќ сподели фотографија од воздух со поглед на собраните пред платото на Народното собрание.

Благодарам Србија“, стои во описот на објавата на претседателот Вучиќ.

Александар Вучиќ претходно ги покани сите граѓани на денешната средба на која, како што рече, ќе се одреди животот на граѓаните до 2035 година и ќе се обезбеди развој. Тој порача дека во последните пет месеци во Србија владее терор и страв, но дека државата не смее и нема да падне и ги повика граѓаните денеска да се соберат пред платото на Народното собрание за заеднички да ги утврдат барањата кои се во согласност со Уставот и волјата на мнозинството.