Итната седница беше закажана во 13 часот откако Комисијата за заразни болести утринава предложи засилување на антиковид-мерките. Како што брифираат извори за Фактор, според новиот предлог, од утре полицискиот час наместо во 22 часот ќе почнува во 19 или 20 часот, и сосема е извесно дека Владата ќе донесе таква одлука.

За кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти мислењата биле поделени. Некои сметаат дека може да останат отворени, со што би им се намалило работното време, дали до 17, дали до 18 часот во завоснот од тоа кога ќе почнува полицискиот час, а други се на став дека во наредните 14 дена, угостителите треба целосно да ги затворат нивните локали.

Прес-конференцијата можете да ТУКА.