Претходните неколку недели Струмица се соочуваше со проблем да не може да се пие водата во градот и околмните места.

Загадување на водата во Струмица: АХВ ја продолжува забраната, водата сè уште небезбедна за пиење

Сепак по речиси цел месец, од денеска е надминат овој проблем.

Питка вода повторно во Струмица

Струмичани денеска не знаеја дека водата од градскиот водовод може да се пие. Тие се упатуваа кон локациите каде Комуналец имаше поставено канистри со питка вода. Жителите на Струмица и шесте населени места може да ја пијат водата од градскиот водовод и јавните чешми. Стаса решението од АХВ со која се укинува забраната потврдувајќи дека водата во Струмица е здрава и безбедна за пиење.

Дали Струмица останува во ЗЕЛС?

Со решавањето на проблемот со водат, Костадинов не прецизираше дали Струмица останува во ЗЕЛС.

Забраната за користење на водата во Струмица траеше речиси цел месец. Забраната беше заради зголемено количество на манган и колиформни бактерии.