На 24.01.2023 околу 22:15 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот Ќ.Ќ. од тетовски Порој, затоа што при негов и преглед на патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал со уште три лица, кај него бил пронајден кокаин.
Додека, на возачот В.А.(27) од истото село му бил пронајден и одземен нож.
По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.