Пратеникот од Левица со потекло од Гевгелија, Сашко Јанчев, доцна синоќа во с. Марино прегазил двајца млади кои се возеле на мотор.
Како што сведочат очевидци на настанот, бесно, со шкрипење и огромна брзина Јанчев со својот џип Хундаи Туксон, ги удрил момчето и девојката кои биле на мотор.
Момчето е повредено и во моментов се бори за живот на скопските клиники, а пратеникот Јанчев е лишен од слобода и полицијата испитува колку промили алкохол имал во крвта?
Јанчев потекнува од работничко семејство од Гевгелија, но, како што ни раскажуваат неговите партиски другари, откако почнал да добива добра пратеничка плата, си купил бесен џип и почнал да живее на висока нога.