Шеесет и седумгодишен жител на Кадрифаково бил приведен откако со автомобил „форд“ излетал од патот во селото. По сообраќајната незгода, полициската контрола утврдила дека тој управувал возило под дејство на алкохол, без важечка возачка дозвола, а и сообраќајната дозвола на автомобилот била истечена.
Станува збор за Д.Б., кој бил лишен од слобода на 2 септември, околу 16:13 часот. При преземањето мерки по незгодата, полицајците утврдиле дека 67-годишникот имал 2,09 промили алкохол во крвта.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а за случајот бил известен и јавен обвинител. По целосното расчистување и документирање на случајот, против возачот ќе следува соодветна пријава.
