Во несреќата возачот се здобил со полесни телесни повреди, во возилото имало уште двајца патници, потврдуваат од СВР Велес, за МИА.

Како што информира за МИА д-р Василка Пановска Поп Стефанова началник на Брза помош Велес, тие за сообраќајката биле известени во 12,30 минути и се упатиле на местото на настанот, но повредениот бил преземен од друго приватно возило кај село Бусилци и медицинскат екипа на Брза помош веднаш му укажала прва помош.

Доктор Пановска Поп Стефанова информира дека пациентот е маж на 64 години од Кочани, кој бил стабилен, згрижен на лице место и транспортиран во Ургентниот центар при велешката Општа болница. Д-р Елеонора Јованова портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес, соопшти дека денеска околу 13 и 30 минути од страна на Итна медицинска помош на одделот за Хирургија донесено е лице на 64-годишна возраст, од Кочани, повредено во сообраќајна несреќа, пациентот се здобил со повреди на глава и граден коши дека е задржан на опсервација.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата.