Неколку луѓе загинаа во престрелка што се случи денеска на кампусот на универзитет во рускиот град Перм, пишуваат локалните медиуми.
Сторителот според некои информации е приведен, а претходно упаднал на кампусот и почнал да пука по учениците и вработените.
Вознемирувачко видео од Телеграм покажува како преплашени студенти се снимени како бегаат од зградата скокајќи низ прозорци.
Инцидентот се случил на Државниот универзитет Перм, еден од најстарите универзитети на Урал. Социјалните медиуми на училиштето утрово ги предупредија сите што беа во кампусот да го напуштат, ако е можно, или да се затворат во соба.
Наводно стрелецот е 18-годишниот Тимур Бекмансуров. Повеќе информации ќе следуваат наскоро.