Помина рокот за подготовката за полагањето на првиот испит од државната матура, по мајчин јазик, превиден на 27 мај, алармираат од Државниот испитен центар.

Тие продолжуваат со штрајкот во очекување владата да излезе во пресрет на нвините барања за повисоки плати, а во меѓувреме бараат промена на датумите за полагање на завршните испити за матурантите.

Оттаму велат дека предивдените термини е невозможно да се запазат, а тоа ќе значи дополнителни проблеми и доцнење на резултатите од тестирањето.

„Бараме промена на календарот за полагањето на државната матура. Тоа би значело автоматски и пролонгирање на резултатите. Нашето нефункционирање во овој момент подразбира дека нема да стигнеме ни со резултатите Во моментов луѓето немаат енузијазам и не се чувствуваат одговорни. Ако државата не смета дека сме важни, зошто ние да се жртвуваме и да работиме по 20 часа.“- Емилија Бошковска, синдикат на ДИЦ

Подолго одложување на државната матура ги загрижува матурантите кои своите студии планираат да ги продолжат во странство. Околу 1700 матуранти секоја година се запишуваат на студии во странство, а 1300 од нив образованието го продолжуваат во Словенија, која години наназад е една од најпоскауваните дестинации за македонските средношколци.

„Се зависи колкаво ќе биде одложувањето на првиот испит. Доколку е во рамките на една недела, или можеби две недели, сметам дека ДИЦ има доволно капацитет да успее да ги прегледа тестовите. Подолго одложување тогаш понудите за места на нашите студенти во странство се доведуваат под прашање“.-Лука Павиќевиќ, сојуз на средношколци

Инаку, штрајкот на вработените во Државниот испитен центар започна на крајот на април и тие порачаа дека ќе стојат на ставот додека не добијат согласност од Министерството за финансии за покачување на платите.