Променливо време со ветер и локален дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните од 16 до 22 степени.
Во Скопје сончеви периоди и засилен ветер
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната до 22 степени.
Од понеделник нов бран нестабилност
Од понеделник во вечерните часови до среда времето повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд. Во вторник ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места. Ќе продолжи да дува ветер од северен правец, информираат од УХМР.
