Денеска сончево со мала до умерена локална облачност, ветер слаб до умерен, температури од 25 до 33 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со услови за стабилност во најголемиот дел од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер,. Вдолж Повардарието повремено ќе има засилен северен ветер кој може да го засили чувството на свежина.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19 степени. Максималната ќе достигне од 25 до 33 степени, што е соодветно за овој период од годината.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој повремено може да засили. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени. Максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време. Со температури кои ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. По овој период се очекува времето да биде сончево и потопло со постепен пораст на дневната температура.