Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во наредните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Во вторник попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, а во среда попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.