Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во вторник сѐ уште ќе има врнежи од дожд, понекаде проследени со грмежи, но ќе бидат полокализирани. Кон средината на неделата ќе има преодна стабилизација со пораст на дневната температура, а нови врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на работната седмица.