Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје од 2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје 2021 година за преметот „27 април“.
– Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп.Кок2. Квп бр.14/22 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.40/18 од 15.03.2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ.бр.39/19 од 12.02.2021 година, ги одби како неосновани, стои во соопштението од Врховен.
За упадот во Собранието на 27 април 2017 година беа обвинети 33 лица. Тие се гонеа за терористичко загрозување на уставниот поредок, 15 од обвинетите беа амнестирани со Законот за амнестија.