Врнежи од снег со слаб интензитет вечерва има на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.