Русија интензивира напади
Додека Бајден испраќа поддршка за Укрина во меѓувреме Русија ги интензивира нападите.
„Објавувам историска донација на опрема за противвоздушна одбрана за Украина. САД, Германија, Холандија, Романија и Италија ќе ѝ дадат на Украина опрема за пет дополнителни стратешки системи за воздушна одбрана. А во наредните месеци, и дополнителни тактички системи за противвоздушна одбрана“, изјави Џо Бајден – претседател на САД.
Столтенберг со поддршка за Киев
Првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг, ги повика лидерите да продолжат со поддршка за Киев без разлика на трошоците, велејќи дека исходот од војната ќе ја обликува глобалната безбедност во децениите што доаѓаат.
„Војната на Русија против Украина е најголемата безбедносна криза во последните генерации. Украина покажа извонредна храброст, а сојузниците на НАТО дадоа поддршка без преседан, но реалноста е дека нема бесплатни опции со агресивната Русија. Најголема цена и најголем ризик ќе бидат ако Русија победи во Украина. Не можеме да дозволиме тоа да се случи“, изјави Јенс Столтенберг – генерален секретар на НАТО.
Зеленски бара брза реакција
Зеленски го предупреди светот дека не може да чека до ноемвриските избори во САД да преземе акција за да го одбие Путин.
„Време е да тргнеме, да излеземе од сенките, да дејствуваме и да не чекаме „ноември“ или какви било други месеци. На крајот, мора да бидеме силни и бескомпромисни заедно. А пред сè, лидерите на Америка и претседателот на САД да бидат бескомпромисни во одбраната на демократијата, бескомпромисни против Путин и секој можен терор“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
Изборите во САД предизвик за НАТО Алијансата
Во истовреме, европските лидери на самитот на НАТО се фокусираат и на објаснување на обичните американски даночни обврзници дека воената алијанса вреди за парите, бидејќи прашањето за поделбата на товарот стана политичка топка за двете партии во САД – и се заканува да стане сериозна пречка за алијансата доколку дојде на власт втора администрација на Трамп.
Кои се главни приоритети на НАТО Самитот?
Трите главни приоритети се да се зајакне одбраната на самата алијанса, поддршката за напорите на Украина да се одбрани од руска инвазија, но и зајакнувањето на глобалното партнерство на НАТО.
Почнува самитот на НАТО: Глобалното парнертство и поддршката за Украина главни приоритети
Сојузниците на НАТО сè повеќе сфаќаат дека предизвиците со кои се соочуваат се испреплетени со другите региони.