Српскиот претседател најави и серија политички собири кон крајот на јуни
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека парламентарните избори ќе се одржат во текот на оваа година, отфрлајќи ги шпекулациите дека би можело да дојде до нивно одложување.
Тој воедно најави повеќедневни собири и манифестации од 26 до 28 јуни, на кои ќе бидат претставени политички и економски планови, додека централниот настан е предвиден за 27 јуни во Белград.
„Морам да помогнам и сакам да и помогнам на партијата на која припаѓам и се подготвуваме за претстојните избори… Изборите ќе бидат оваа година, како што ветив и луѓето знаат дека тоа ќе се случи оваа година“, изјави Вучиќ.
Тој оцени дека неговите политички противници сакале да ги искористат младите во Србија за да дојдат на власт.
