Според информациите на „Б92“, Вучиќ побарал македонските државјани да примаат вакцини по избор. Доколку предлогот се прифати, Македонците во Србија ќе може да примат некоја од четирите вакцини – на „Фајзер“, „Синофарм“, на „Астра зенека“ или вакцината „спутник В“.

Да потсетиме, сите граѓани на БиХ од вчера, каде било и во кое било време, во Србија може бесплатно да се вакцинираат и да добијат потврда за тоа.

-Тие може да се вакцинираат целосно бесплатно и да добијат потврда за тоа, како и граѓаните на Србија, рече Вучиќ потенцирајќи дека земјата има доволно вакцини и дека успеала да вакцинира речиси 630.000-640.000 нови граѓани во последните дваесетина дена.

Македонските власти, пак, донесоа одлука дека српските државјани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во знак на благодарност за претходните донации вакцини од страна на Србија.