Вучиќ ќе ја прими кинеската вакцина на „Синофарм“ , а потоа ќе разговаа со жителите на Рудна Глава и ќе даде изјава за медиумите.

Пред неколку дена, за време на прославата на почетокот на работите на делот од патот Нов Белград, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека ако новиот контингент на кинески вакцини на „Синофарм“ пристигне во Србија во понеделник, тој во вторник ќе замине за Рудна Глава за да се вакцинира.

Половина милион дози вакцини на „Синофарм“ пристигнаа утрово на белградскиот аеродром, а премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека досега од Кина во Србија се доставени 2,5 милиони вакцини.