Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека утринава е обвинет дека наводно извршил државен удар во Црна Гора и укажа дека тој не кажал кој треба да биде митрополит, ниту извршил удар на црквата, пренесуваат српски Новости.
-Утрово бев обвинет дека сум извршил државен удар во Црна Гора, затоа што некој нешто кажал со владиците за тоа кој ќе биде митрополит или епископ. Јас ниту сум знаел дека тие биле кај патријархот, ниту за што зборувале, но јас сум обвинет. Затоа што Србија секогаш мора да биде виновна. Затоа што се бори за 29 отсто од населението во Црна Гора, изјави Вучиќ.