Српскиот претседател Александар Вучиќ во петокот изјави дека е многу загрижен за ситуацијата на Косово, особено на северот.

„Страсната потреба на [косовскиот премиер] Албин Курти да предизвикува инциденти е загрижувачка“, рече тој на прес-конференција по состанокот со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, на кој тој зборуваше сам.

Како што рече, загрижен е и Лајчак, пренесува Анадолија.

„Тој [Лајчак] разговараше со луѓе од северот [на Косово], сите му го кажаа истото, тој ја виде решителноста на Србите да се спротивстават на теророт и целосната окупација на Курти. Тој е загрижен“, изјави Вучиќ.

„Влезе во маѓепсан круг“, бидејќи косовските власти „сакаат да формираат заедница на српски општини [ЗСО]“.

Вучиќ додаде дека се плаши дека Квинта е „наивен“ и дека некои земји велат дека „изборите што се одржаа на северот на Косово се легитимни, иако излегоа три проценти од граѓаните“.

Посетата на Лајчак на Косово

Лајчак во Белград дојде од Приштина, каде во четвртокот разговараше со Курти и шефот на косовскиот преговарачки тим Бесник Бислими за процесот на нормализирање на односите и за следните чекори по средбата на лидерите на Косово и Србија на 2 мај во Брисел.

Лајчак рече дека имал важна дискусија со Курти во врска со нацрт-статутот на ЗСО.

Тој посочи дека Европската унија јасно ставила до знаење дека за нив е прифатлив секој модел на ЗСО заснован на европски вредности и принципи и европски модели, пренесува Бета.

Лајчак беше и во северниот дел на Митровица, каде рече дека на северот на Косово има тензија и недоверба, но дека дијалогот има капацитет тоа да го реши.