Од аеродромот соопштија дека авионите утрово не можеле да полетуваат или слетуваат.
Етна еруптираше неколкупати во последните неколку недели, но извештаите за голема штета или повредени се ретки. Повремено паѓа пепел и стаклата на прозорците пукаат од татнежот на вулканот за време на ерупциите. Етна, висока 3.300 метри, во последните денови исфрла лава и пепел, претежно од нејзиниот југоисточен кратер, според Националниот институт за геофизика и вулканологија. Институтот забележа и повремени ерупции на североисточната страна. Вулканот исфрли пепел висок пет до 10 километри, се вели во извештајот.