Во периодот од 21.06 до 27.06.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република С. Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.
При контролата санкционирани се 60 учесници во сообраќајот, од кои 56 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и четири за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.