Во тек е вакцинација на бизнис заедницата, акција на Стопанската комора на Македонија, која заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум ја реализира викендов во спортската сала „Чаир” во Ниш, Република Србија, информира Комората.
– Се вакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората чии работни места се од висок ризик од пандемијата и единствено на овој начин ќе продолжат непречено да работат, да го задржат нивото на економска активност и да ѝ помогнат на државата и економијата во борбата против пандемијата. Благодарност до Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за брзото постапување по барањето на Стопанската комора за пуштање на повеќе ленти за возила на граничниот премин Табановце, со цел брз проток на патници, поради акцијата на Стопанската комора за имунизација од ковид 19 на претставниците од бизнис заедницата. На граничниот премин Табановце сообраќајот се одвива непречено и без застои. Од отворањето на пунктовите за вакцинирање, до 11:00 часот, вакцинирани се повеќе од 500 лица, се вели во соопштението од Стопанската комора.