Од она што можеше да се слушне низ рочиштата, токму Канческа била главен координатор на тоа што се случувало на протестите „За заедничка Македонија“ во делот на организација на реквизити и настапи на пејачи и артисти.

Ристовски презентираше на минатите рочишта и дел од пораките од Канческа во која таа вели „Леле леле народ, пу пу убавина“.

Во друга таа му вели „Тоа е она што ти кажував дека треба атмосфера“.

Ристовски вели дека комуникацијата со Канческа завршила 40 дена пред немилите настани.

Како е можно да сум сум ги организирал протестите, а немав никаква комуникација со организаторите. Јасно е дека не можам да се грижам за настапите, а да немам контакт со организаторите – додаде Ристовски.

И пораките испратени од Канческа-Милевска се дел од доказите, а како што објасни Русковска, таа не е обвинета бидејќи освен дека организирала настапи немало други докази против неа.