Најмалку 60 луѓе ги загубија животите поради ниските температури во Авганистан за околу три недели, јавија локалните медиуми.
Според Џанан Саик, портпарол на Министерството за управување со природни катастрофи, жртвите починале од студеното време, поради обилните снежни врнежи и дожд.
Тој додаде дека во истиот период се повредени 34 лица, а повеќе од 1.600 куќи биле уништени.
Обилните снежни врнежи и снежното невреме блокираа и неколку патишта во земјава.
Ашраф Хакшенас, портпарол на Министерството за јавни работи, рече дека се блокирани преминот Саланг и неколку правци во провинциите Бамијан, Гор, Сар-е Пол, Нуристан и Фарах.
Земјата разурната од војна последните години ја погодија поплави, земјотреси и суши, влошувајќи ја и онака лошата состојба на инфраструктурата.