Тројца членови на криминалната група Беланоца вчера беа осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, објави „Телма“.
Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер.
Пејачот и блогер Амар Исмани пак загина во пукање на улицата „Пластичарска“ во Скопје во мај 2024 година. Тој им подлегна на повредите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје откако претходно беше застрелан.
Третиот обвинет бил осуден на 4 години за кривичното дело изнуда.
Спред објавата на „Телма“, судењето за лидерот на Беланоца, Фатљум Ајети Тоти било се уште во тек, како и за други членови на неговата банда кои се гонат за најмалку 8 убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани, палење објекти и автомобили.
