За реализација на проектот, како што информираат од владината прес-служба, обезбедени се 33, 5 милиони денари. Градскиот пазар е со површина на градежна парцела од 11.599 м2 и површина за градење на 6 944 м2.

На настанот ќе бидат присутни и заменик-претседателот на Влада за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.