– Не можете да ширите пропаганди и лажни политики зошто сте пратеник и политичка партија. Целосно е направена регулацијата на цените во здравствто. И јавното здравство е достапно за сите, и сиромашни и богати. И сега ќе се заканувате со зборовите „ќе висите заедно“. Толку е силна вашата борба за правичност. Ние ќе постапуваме така како што постапува секоја европска земја. Овде пари ниту се штедат ниту се прават било какви калкулации.Опцијата јавно здравство ја имаме сите, се што правите друго е гол популизам. Недозволиво е да си играте со чувствата на нашиот народ за да печалите „лајк“ во општата депресија што владее кај граѓаните. Јавно се заканувате на министер дека ќе виси. Пратеник сте, па знаете дека нема да одговарате, но мене ми е должност да го штитам, одговори Заев.

Тој нагласи дека никој во власта здравјето не го претвора во бизнис, дека нема повисок приоритет од здравјето на луѓето и дека нешто нема да ги спречи да помагаат на граѓани.

– За сметка на тоа некој се изживуваза да ќари политички поени, рече Заев.

На тоа Апасиев рече дека „ќе висите заедно“ е лозунг на Шарената револуција, дека тогаш му одговарало а сега ќе го гони кривично.

– Повелете, гонете ме, не ви се плашам. Моите очила се зелени, сакам да ми ги позајмите вашите розеви. Кога над 60.000 граѓани останаа без работа да зборувате дека условите се исти во приватни и јавни болници е срамота. Во приватните болници нема буба шваби,а не сум слушнал исто така дека таму паѓаат фекалии, реплицираше лидерот на Левица.