Премиерот Зоран Заев на фејсбук напиша:
-На ова врвно олимписко натпреварување во Токио оваа година, нашата држава ја претставуваат: Миа Блажевска-Еминова и Филип Деркоски во пливање, Борјан Бранковски во спортско стрелаштво, Дејан Георгиевски во таеквондо, Пулексенија Јованоска во карате – ката, Магомедгаджи Нуров во борење слободен стил, Арбреша Реџепи во џудо и Јован Стојоски во атлетика. Тоа се нашите олимпијци кои со самото учество на најпрестижната спортска манифестација го остварија својот сон. Сите ние од 23 јули до 8 август со мислите и со најубавите желби ќе бидеме со нив. Ќе ги бодриме да постигнат нови лични успеси и да знаат дека на теренот, на спортските арени, сите се со еднакви шанси да го постигнат најдоброто