Повеќе од половината од над 300.000 предвремени смртни случаи предизвикани од загадување на воздухот во Европа во 2019 година ќе биле избегнати доколку се почитувале новите препораки за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација, заклучува Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во извештајот објавен во понеделникот, анализира Доје Веле.

Новите препораки на СЗО за заштита од аеро-загадувањето се објавени оваа година, и ниту една земја во Европа се уште не ги имплементирана. Но, доколку тоа се случи во наредниот период, може драматично да се намали смртноста поради лошиот воздух.

Тоа особено се однесува на Балканот каде со години наназад се бележат рекордни нивоа на загаденост на воздухот, особено во зимските месеци. Во Србија, Бугарија, Грција, Албанија и БиХ, предвремената смртност поради загадениот воздух би се намалила за, во просек, над 70 проценти.

Конкретно во Македонија, почитувањето на новите препораки би ја намалило смртноста од загадениот воздух за огромни 74 проценти.

Опасно загадување

Според проценките на ЕЕА, во 2019 година во  Македонија 3.400 луѓе починале како резултат на загаденост на воздухот со ПМ2,5 честички; 120 луѓе како резултат на загадување со азотен диоксид; и 90 поради загаденост на воздухот со озон.

Доколку земјата почне да ги спроведува новите препораки на Светската здравствена организација за ограничување на аеро-загадувањето со ПМ2,5 честички на ниво на 5 микрограми на кубен метар во текот на годината, проценката е дека би биле спасени 2.500 прерано загубени животи.

Целиот текст на следниот ЛИНК