Едно лице почина во денешната сообраќајна несреќа која случила на крстосница во Гостивар. Идентитетот на настраданиот не е познат.

Според СВР Тетово, околу 15:30 часот денеска било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Гоце Делчев” и „Беличица” во Гостивар. Според пријавата, товарно моторно возило „ман” со мешалка за бетон управувано од М.К.(56) од гостиварско Беловиште, удрило во повозрасно машко лице со велосипед, чиј идентитет засега не е утврден.

– Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди од кои починало, наведуваат од СВР Тетово.

На местото на несреќата се врши увид што го води јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.