Полицијата ги привела веднаш по пријавата

Тројца осомничени се уапсени по палењето на багер во отпад за секундарни суровини на подрачјето на Чаир, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека денеска (02.07.2026) на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од МВР, на 01.07.2026 околу 23:20 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачјето на станицата бил запален багер.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Скопје ги забележале осомничените кои биле со патничко возило „БМВ“ со ресенски регистарски ознаки, по што ги лишиле од слобода.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.