Деловен објект во скопската општина Центар бил оштетен откако врз него била фрлена запалива течност. Во инцидентот нема повредени лица, а полицијата работи на расчистување на случајот.
Од СВР Скопје информираат дека на 28 август во 20:40 часот било пријавено дека инцидентот се случил околу 3:45 часот во текот на ноќта.
Според пријавеното, оштетени биле фасадата и влезната врата на деловен објект во Центар, сопственост на 47-годишниот Г.П. од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот.
