Како доказен матерјал запленет е и гумен чамец со кој ја транспортирале дрогата, чија крајна дестинација била Италија.
– Дрогата е заплената кај месноста „Заливот на Дафина“, во близина на Карабурун, по неколкучасовно следење на чамецот. Лицата кои беа во чамецот за да се спасат од полицската поморска патрола се обиделе да го напуштат чамецот, но не успеале во намерата. Запленети се 577 килограми марихана, како и моторниот чамец, а упсени се и три лица, се наведува во соопштението од полицијата.
Уапсените се на возраст од 27, 34 и 43 години и се жители на Валона.
Акцијата „Карабурун“ полицијата од Валона ја реализирала во соработка со „Делта Форца“, „Гуарда ди финанца“ и граничната полиција.
Полициските служби, се посоува во соопштението, продолжува со засилените контроли на поморскиот простор, со цел да се „спречат, идентификуваат и разбијат обидите за трговија со дрога“.