На школските клупи за полагање државна матура седнаа 15.620 матуранти од цела Македонија. Според податоците од ДИЦ 6750 се матуранти од средно образование, 8598 од средно стручно образование и 272 од средното уметничко образование. Министерот за образование Јетон Шаќири од Струга им се заблагодари на вработените во ДИЦ кои претходно се закануваа со штрајк поради ниските плати.

-Децата ќе имаат два екстерни и два интерни испити како и проектантска задача и сакам да ја искористам можноста да им се заблагодарам на вработените во ДИЦ кои се вклучија во процесот на подготовка на државната матура и мислам дека нивното залагање е благодарение на матурантите бидејќи државниот испит во ниту еден момент не требаше да се одложи-рече Шаќири.

Што се однесува до штрајкот и протестите на синдикатот на СОНК и Самостојниот синдикат на образованието, рече дека ќе ги покани на состанок да се договорат и да им сподели неои информации.

-Сите наставници од шесто одделение ќе имаат ист фонд на часови врз основа на организациите што ќе се подготвуваат и врз основа на нормативите што ќе ги доставиме до бирото за развој на образованието. Но како и да е, по официјалното патување што го имам во Европската комисија за отворање на поглавјето за образование, во четврток и петок ќе ги поканам и претставниците на синдикатот на СОНК и на Самостојниот синдикат на образованието кој учествуваше во овој штрајк за да им ги објаснам овие податоци-вели Шаќири.

Матурантите неколкупати протестираа и пред Министерството за образование барајќи од надлежните да им го олеснат полагањето на државната матура бидејќи, како што наведоа, тие се најоштетената генерација која не поминала ниту еден една учебна година без некаков прекин. МОН го прифати барањето на Унијата за намалување на бројот на прашања на тестот по мајчин јазик. Полагањето на вториот екстерно матурски испит е закажано за 10 јуни.