Започна изградбата на коритото на река Серава и трим патека со должина од 1400 метри, во населеното место Радишани, Општина Бутел.
Како што најави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, овој проект ќе чини 42 милиони денари и ќе продолжи во уште две фази.
— Откако што ќе се изгради овој потег на коритото и трим патеката ќе продолжиме по течението на реката Серава и во населеното место Бутел 1, исто така на ист начин ќе продолжиме да го решаваме овој горлив проблем, рече Костовски.
За склучениот договор со фирмата за градба, кој е во времетраење од две години, Костовски вели дека очекува да биде завршен за помалку од година и пол.
—Договорот којшто го потпишавме со фирмата треба да биде во период од две години за градба, но јас по однос по тоа мислам дека ќе биде и за помалку од година и пол сето ова завршено и конечно ќе добиеме едно убаво место за рекреација, рече Костовски.