СДСМ свесно ги штити корумпираните судии и обвинители за да им се најде кога ќе треба да сносат одговорност за своите незаконски дејства, изјави Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

СДСМ ја узурпира правдата и создава заробено судство

Според Ковачки, СДСМ го узурпира судскиот систем преку поставување партиски кадри во Судскиот совет и други правосудни институции.

„Ваквиот пристап доведе до огромен пад на довербата кај граѓаните, која според истражувањата изнесува само 2%. Народот гледа дека судските одлуки не се носат според законите, туку според политичките интереси на СДСМ, што создава впечаток дека правосудниот систем е заробен и работи во интерес на криминалци блиски до власта“, истакна Ковачки.

Корумпираните судии и обвинители како алатка на СДСМ

Ковачки обвини дека во време на СДСМ криминалот бил заштитуван, наместо санкциониран, а како најголеми примери за политички контролиран судски систем ги посочи Весна Дамева и Наќе Георгиев:

  • Весна Дамева, како член на партиска комисија на СДСМ, директно ги спроведувала политичките и криминалните наредби на Зоран Заев и Венко Филипче. Таа не само што ги поттикнувала, туку и организирала незаконски дејства со цел да се заштити криминалот на власта.
  • Наќе Георгиев, кој беше заменик-претседател на Судскиот совет, важеше за доверлив човек на Заев и Филипче. Тој е познат по неговата вмешаност во коруптивни активности, а неговото признавање дека примал мито за да влијае врз судски одлуки само ја потврдува сериозната злоупотреба на судството.

Поставувањето на корумпирани судии и обвинители во клучните правосудни институции само ја зајакнува перцепцијата дека правдата е селективна и дека законите не важат за сите подеднакво“, нагласи Ковачки.

СДСМ продолжува со создавање заробено судство

Според Ковачки, СДСМ намерно спречува реформи во судството, бидејќи голем број од судиите и обвинителите им се должни на партијата за своите позиции.

„Ова ја уништува правната држава и принципот на еднаквост пред законите. Време е оваа злоупотреба да заврши, а судството конечно да стане професионално и непристрасно.

Но, наместо да се работи на ослободување на правосудниот систем од партиски стеги, СДСМ продолжува со својата практика на заштита на криминалот. Судскиот совет и обвинителствата остануваат под нивна контрола, а судиите кои носат одлуки во нивна корист се наградуваат“, истакна тој.

Граѓаните бараат вистинска правда

„Борбата против криминалот мора да биде водечка приоритетна политика, но без независно судство нема вистинска правда. Корумпираните судии и обвинители мора да одговараат, а не да бидат заштитени од власта.

Граѓаните очекуваат транспарентност, отчетност и правда, а СДСМ мора да престане да го штити криминалот преку заробениот правосуден систем. Судството треба да биде независно, а не алатка за манипулации и политички притисоци“, заклучи Ковачки.