При контролата се санкционирани 63 возачи, од кои 39 на територија на Тетово, а 24 на територија на Гостивар.
– Од казнетите, 52 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а осум за дури над 70 километри на час над дозволената. Повторно, уште еднаш апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесат да се зголеми безбедноста во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.