Денес продолжуваме со акцијата „Ова е Македонија за сите“, продолжуваме од селото Раштари понатаму ќе продолжиме во Калашари Чалошлево и Дорутовец ќе разговараме на многу актуелни теми затоа што наши граѓани се засегнати од целата состојба во која се наоѓа Република Македонија, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“.
Тој додаде дека секаде каде што одат се нагласува проблемот во земјоделието, проблемот во здравството и образованието и на крај она што е актуелно деновиве е крадењето на народните пари
-Oд минатата недела до денес се промени само една работа а тоа е осиромашување на граѓаните за цели 300 милиони евра или во просек по 150 евра од секој жител во Република Македонија народни пари се земени и се наменети за договорот со „Бехтел и Енка“ без да се удри ниту една лопата, а граѓаните се уште живеат во онаа апатија која ја наметна власта, рече Здравковски.