Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во борбите на истокот од земјата секој ден гинат меѓу 50 и 100 Украинци. Притоа тој очигледно мисли на воените жртви на конфликтот.
Најжестоки борби деновиве се водат околу градовите Северодонецк и Лисичанска, во Луганск, еден од двата региони што ја сочинуваат провинцијата Донбас на истокот на земјата, која Русите се обидуваат да ја освојат.
Сергеј Гајдаи, гувернерот на Луганск, во телевизиско интервју изјави дека Русија користи „тактика на изгорена земја“ и дека Северодонецк е нападнат „од четири различни правци“. Но, тој тврди дека руските сили не успеале да влезат во градот.
Дописничката на Гардијан од борбите во Украина, Ема Греам-Томпсон, наведува дека земјата досега не била особено транспарентна за сопствените воени жртви, додавајќи дека фактот што Зеленски отворено зборува за бројките значи дека во последниот месец на истокот од земјата се убиени 3.000 Украинци, додавајќи по некој збор за тоа колку се брутални борбите што таму се водат.