Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера им го одзеде државјанството на неколку поранешни влијателни политичари, како последен чекор за „прочистување“ на земјата од проруски влијанија.

-Денеска ги потпишав соодветните документи за да направам уште еден чекор во заштитата и чистењето на нашата земја од оние кои се на страната на агресорите“, рече Зеленски за време на ноќната видео конференција.