Се огласи претседателот на Украина Володимир Зеленски на својот профил на Телеграм и испрати јасна порака.

„Украинците поминаа низ многу страшни работи. И покрај сè, тие ја задржаа способноста за непокор и љубовта кон слободата. Некогаш сакаа да не уништат со глад, сега со темнина и студ“, напиша Зеленски под видеото.

Тој нагласи дека Украина нема да биде скршена.

„Не можеме да бидеме скршени. Нашиот оган нема да изгасне. Повторно ќе ја победиме смртта“, напиша тој.