Земјотреси утрово и ноќва ги стресоа Албанија, Србија и Грција. На 72 километри од градот Елбасан е регистриран земјотрес со јачина од 3.3 степени.
Во Србија, на 9 километри од градот Чачак имало земјотрес со јачина од 2.8 степени по Рихтер.
Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер пак, ја погоди Грција. Епицентарот бил на 26 километри од островот Хиос.