Работниците кои работеле на изградба на куќата во озогласената Шилерова улица која била седиште на Земунскиот клан раскажуваат какви тортури трпеле од „газдите“. Ги терале да работат деноноќно и посебно многу да не кажуваат што се гради и зошто се гради.

-Душан беше строг шеф. Сите стоевме во место кога тој ќе се појавеше. Кога стигнавме на градилиштето се градеа темелите. Теренот е измерен и гледам дупка. Длабоко три метри. Прашав што е тоа и слушнав „таму ќе тепаат“. Само бетонирано и немаше ништо, раскажува еден од работниците.