Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски бил повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Како што објави ТВ 24, Жерновски се очекува наредните денови да дојде во Скопје од Букурешт на средба со министерот Тимчо Муцунски.
Пред Жерновски, на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беа повикани македонскиот амбасадор во Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, амбасадорот во Албанија Данчо Марковски, како и македонскиот амбасадот во Рим Весел Мемеди.