Во земјава во април годинава се евидентирани 47 617 туристи, од кои 34.8 % се домашни, а 65.2 % се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во април 2022 година изнесува 98 979, од кои 36.8 % се од домашните туристи, а 63.2 % од странски.

Во периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 66.1 %, и тоа: кај домашните туристи за 29.2 %, а кај странските за 114.0 %.

Во периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 59.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 30.2 %, а кај странските зголемувањето е за 96.5 %